Моторцикли

 

Сигурно сите идни моторџии кои немаат сопствен мотор ги мачи прашањето како да се стекнат со возачка дозвола од А категорија. Не треба да имаат никакви дилеми затоа што ние сме тука да им го решиме тој проблем. Можете да го изнајмите нашиот мотор, опрема за обука и полагање, а нашите инструктори ќе Ве упатат во основите на управувањето со моторцикл.

 

Како до „А“ категорија?

 

Горди сме да кажеме дека сме еднствени во градот со професионален пристап кон оваа осетлива и опасна категорија и со единствен достоинствен моторцикл BETA DR 350 кој Ви нуди и уживање додека го управувате. Можеме да Ви понудиме обука за управување со моторцикл во која е пресметана како обуката така и полагањето со нашиот мотор и тоа со користење на потребната безбедносна опрема! Нашиот стручен персонал ќе Ве упати во вештините на управување со моторцикал низ програмски разработена обука и ќе стори се што е потребно за што подобра подготовка за полагање на возачкиот испит.

 

Испитот за „А“ категорија се состои од три дела. Најпрво се полага теоретскиот дел (тестови), а потоа и двата практични дела-полигон и градско возење (возачите со „Б“ категорија НЕ ПОЛГААТ ТЕСТОВИ). Обуката при градско возење се одвива на начин што Вие со моторциклот возите напред, а зад Вас вози инструкторот кој со радио станица или мобилна врска Ви ја кажува релацијата на движење и тоа кои елементи и маневри треба да ги совладате. Не заборавајте дека Вашата безбедност е на прво место. Дојдете кај нас заедно да ги совладаме сите елементи за возење на моторцикал, затоа што иако најмала катерорија, сепак има огромна тежина и може некогаш да Ви го спаси и животот! Со среќа!

 

Проверка пред тргнување на возење

 

Возењето со моторцикл или мопед има своја убавина само тогаш кога се одвива испланирано, доверливо и безбедно. За да се постигнат тие три предуслови и возењето да претставува задоволство, треба да се почитуваат некои законитости, за кои ние во авто школата ОРИОН можеме да Ве советуваме. Според законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, моторциклот е моторно возило на две тркала со или без бочна приколка, како и моторно возило на три тркала- ако неговата маса не надминува 400 кг. Велосипед со мотор – мопед е возило на моторен погон со две или три тркала, чија работна зафатнина не е поголема од 50 кубни сантиметри и кој на рамен пат не може да развива брзина поголема од 50 км/ч.

 Опрема на моторциклот и мопедот

За безбедно и удобно управување со моторцикл или мопед, тој мора да биде технички исправен. Најважен дел се пневматиците со одговарачки профил посебно за возење по влажен или лизгав коловоз. Исто така мора да има светло со бела боја на предната страна и позиционо и стоп светло во црвена боја, на задната страна. Потребно е и да поседува покажувачи на правецот (трепкачи) и возачки огледала (ретровизори).

Кој може да управува со моторцикал или со велосипед со мотор-мопед.

Со мопед може да управува лице кое наполнило 14 години и потврда за познавање на сообраќајните прописи.

Право за управување на моторцикл чија работна зафатнина на моторот не поминува 125 кубни сантиметри може да стекне лице кое наполнило 16 години, кое е психофизицки здраво и способно за управување на моторцикал и кое има положено возачки испит за А1 категорија.

Право за управување на моторцикл чија работна зафатнина на моторот е поголема од 125 кубни сантиметри може да стекне лице кое наполнило 18 години, кое е психофизички здраво и способно за управување на моторцикл и кое има положено возачки испит за А категорија.

 

Безбедно возење

За безбедно и сигурно возење со моторцикал и мопед треба да се почитуваат позитивните сообраќајни правила и прописи. Посебно е важна страната на движење ( до десниот раб од коловозот или на средината на сообраќајната лента ако се движиме по средишната или крајната лева сообраќајна лента). Возачите на мопеди и моторцикли спаѓаат во групата на најзагрозени учесници во сообраќајот и истите се најчесто и жртви во сообраќајните незгоди. Да се биде воочлив за другите учесници во сообраќајот е едно од темелните начела за поголема безбедност. Освен вклучените светла, поголема воочливост можеме да постигнеме со носење на облека со поживи бои или да има и елементи со рефлектирачки материјали.

 

Некои правила за управување на моторцикли и мопеди

Возачот на моторцикл или мопед е должен да вози внимавајќи на рамнотежата на својот мотор и притоа да не им создава проблеми на другите учесници во сообраќајот. Не смее да го испушта управувачот од раце, да се држи за други возила, да бутка или влече предмети кои би сметале во возењето или кои ќе го доведат во опасност моторциклистот и другите учесници во собраќајот. Смее да превезува друго лице само доколку на моторциклот или мопедот има посебно седиште. Ако возат во група, возачите на овие возла мораат да се движат еден позади друг, никако еден покрај друг. За време на возењето на главата мораат да носат заштитна кацига уредно закопчена.

 

Б категорија

 

Во Б категорија спаѓаат моторни возила чија најголема дозволена маса не е поголема од 3500 кг и на кои нема повеќе од осум места за седење, не сметајќи го седиштето на возачот. За обука од оваа категорија потребно Ви е лична карта, лекарско уверение и навршени 18 (16 години- подолу) години. Обуката со навршени 18 години се состои од 20 часови теоретска настава и 36 мото часови ( 1 мото час трае 45 минути) практична обука. Обуката може да започне со полни 17 ипол години, а со наполнување на 18 години кандидатот може да се пријави за полагање на теоретскиот дел од возачкиот испит, а после тоа и двата дела од практичниот испит (полигон и град). Со положувањето на возачкиот испит, кандидатот се стекнува со возачка дозвола и првите две години се смета за ВОЗАЧ ПОЧЕТНИК.

        Постар малолетник може да се стекне со право на оспособување за управување со моторно возило од “Б“ категорија доколку ги исполнува следниве услови:

1) да наполнил 16 години возраст;

2) да поседува лична карта;

3) да е здравствено и психофизички способно да управува со моторно возило;

4) да има завршено најмалку основно образование;

5) да има согласност од двајцата родители, законскиот застапник или старателот, заверена на нотар;

6) да има одличен успех и примерно поведение во последната завршена учебна година и                                                                      

7) да има писмена согласност од психологот и педагогот од училиштето во кое учи малолетникот, а доколку во училиштето нема еден од нив и од класниот раководител на ученикот, заверена на нотар.

           Оспособувањето за управување со моторно возило на постар малолетник се врши согласно со одредбите од овој закон, со зголемен број наставни часови од практичниот дел на наставната програма за 30% во однос на бројот на наставни часови од практичниот дел на наставната програма предвидени за останатите кандидати за возачи.

            Стекнување право на управување со моторно возило

            Постар малолетник може да се стекне со право на управување со моторно возило од “Б“ категорија доколку ги исполнува условите од членот 368-а од овој закон и има положено возачки испит за управување со моторно возило од “Б“ категорија.

            Постар малолетник кој поседува возачка дозвола од “Б“ категорија не смее:

- да управува со возило во патниот сообраќај во времето од 20,00 до 5,00 часот, освен ако во возилото го придружува родител, односно старател кој поседува возачка дозвола од “Б“ категорија и на кого не му е изрекувана прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило,

- да управува со возило со брзина поголема од 60 километри/час на јавен пат, односно со брзина поголема од 80 километри/час на пат наменет исклучиво за сообраќај на моторни возила, односно со брзина поголема од 100 километри/час на автопат,

- да управува со возило чија сила на моторот е поголема од 75 киловати,

- да влече приклучно возило и

- да врши организиран превоз на деца.

        Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на возач-постар малолетник кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член. Покрај износот на глобата на возачот-постар малолетник ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило во период од три месеци до една година.

 

Ц категорија

            Право на управување со моторни возила од категорија ,,Ц” и поткатегорија ,,Ц1”, може да стекне возач кој претходно најмалку една година поседува возачка дозвола од категоријата ,,Б”.

 

Ц1+Е-поткатегорија


Ц1+Е-поткатегорија Група на возила каде што  влечното возило спаѓа во подкатегоријата „Ц1“, а приклучното возило е со маса поголема од 750 килограми, со тоа што вкупната маса на групата возила не надминува 12.000 килограми. За започнување со обуката кандидатот е потребно да има лична карта, лекарско уверение и најмалку една година возачка дозвола од „Ц1 или Ц“ категорија. Оспособувањето се состои од четири наставни  часа од теоретска настава и осум мото часа од практична обука.

Ц+Е-категорија Група на возила каде што влечното возило спаѓа во категоријата „Ц“, а приклучното возило е со маса над 750 килограми. За започнување со обуката кандидатот е потребно да има лична карта, лекарско уверение  и најмалку една година возачка дозвола од „Ц “ категорија. Оспособувањето се состои од четири наставни часа од  теоретска настава и осум мото часа од практична обука.

Д категорија

Д1 – поткатегорија. Моторни возила за превоз на лица кои освен седиштето на возачот имаат повеќе од осум седишта, но не повеќе од 16 седишта. За започнување со обуката кандидатот е потребно да има лична карта, лекарско уверение  и најмалку две години возачка дозвола од  „Ц1 или Ц “ категорија. Оспособувањето се состои од десет наставни часа од теоретска настава и 16 мото часа практична од обука.

Д-категорија Моторни возила за превоз на лица, кои освен седиштето на возачот имаат повеќе од осум седишта. За започнување со обуката кандидатот е потребно да има лична карта, лекарско уверение  и најмалку две години возачка дозвола од „Ц “ категорија. Оспособувањето се состои од десет наставни  часа од теоретска настава и 16  мото часа од практична обука.

Д1+Е – поткатегорија Група на возила каде што влечното возило спаќа во подкатегоријата „Д1“, а приклучното возило е со маса поголема од 750 килограми, со тоа што вкупната маса на групата возила не надминува 12.000 килограми.    озачка дозвола од „Д1 или Д “ категорија. Оспособувањето се состои од четири наставни  часа од теоретска настава и осум мото  часа од практична обука.

Д+Е-категорија Група на возила каде што влечното возило спаѓа во категоријата „Д“, а приклучното возило е со маса на 750 килограми. За започнување со обуката кандидатот е потребно да има лична карта, лекарско уверение и најмалку една година возачка дозвола од „Д “ категорија. Оспособувањето  се состои од четири наставни  часа од теоретска настава и осум мото часа од практична обука.

Посветеност на нашите кандидати

Ви стоиме на располагање со најсовремени и комплетно опремени возила

Testreveal

df gfdg dfg dfg dfg dfg dfg

×

Login

Please login using your credentials recived by email when you register.


Forgot your password? |  Forgot your username?

×

Register now


I'm a small Introtext for the Register Module, I can be set in the Backend of the Joomla WS-Register Module.



  or   Login
×